Актуелно
Бесплатно кафе и утрински тренинг во кафе Форца: Започнува проектот „Здраво комшија!“
Денес во ФОРЦА, стартува “Здраво комшија”, проект кој во текот на еден месец, секој посетител ќе добие бесплатно кафе, бесплатен утрински тренинг (fit camp) и консултации за избалансирана здрава храна од страна на професионални Велнес советници.
Овој угостителски објект, веќе 12 години, претставува синоним за one-stop shop локација (спорт, рекреација, забава и уживање), го носи приматот фамилијарно место и е еден од најпрепознатливите и најпосетените локации во општина Карпош.
За постоењето на ваков концепт воопшто, најзаслужни се жителите на општина Карпош и вработените во локалните компании, кои и покрај менувањето на концептуалните содржини на барот, останаа лојални гости.
Токму поради оваа причина, е креиран проектот “Здраво Комшија”, во вид на подарок за сите Карпошовци, а неговата цел е зголемувањето на свеста за здрав живот и здрава храна, но и интелектуалната социјализација и секојдневна ДРУЖБА на граѓаните на Општина Карпош. – Изјави Крсто Златков, бар менаџер во ФОРЦА.
Овој проект е несебично поддржан од Општина Карпош, затоа, првото утринско кафе денес беше резервирано за Градоначалникот г.дин Стевчо Јакимовски, кој заедно со жителите на Општина Карпош направија утрински кафе-муабет.
Зголемувањето на свеста за здрав живот и здрава исхрана е мисијата на новиот концепт на барот Форца, кој комплетно го промени своето мени благодарение на новиот шеф на кујна, Влатко Огненовски
Чест ми е што сум дел од овој концепт, и чест ми е што можеме да покажеме дека со здравиот начин на приготвување на храната можеме да делуваме на здравјето и на расположението на нашите гости.
Единствени сме во приготвување на храна без масло, само со помош на топли зраци, а храната ги задржува сите хранливи состојки. – изјави Влатко Огненовски – шеф на кујна.
Проектот стартува денес, каде секој ден во период од еден месец, од 08:00 до 11:00 часот, секој посетител ќе добие бесплатно кафе, додека консултациите за здрава исхрана од страна на Велнес советници ќе бидат секој ден од 08:00 до 10:00, а спортските активности (fit camp) ќе се организираат во попладневните часови.