Актуелно
Цела Македонија под снежна покривка
Во Македонија преовладува претежно облачно и студено време, во западните делови со локален слаб снег. Долж Повардарието и на повисоките места дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Најмногу снег до 7 часот наврнало во Маврово 43 сантиметри, потоа 34 см во Лазарополе, 32 см во Дебар, 31 см во Пожаране, 25 см во Крушево, 20 см во Берово, 18 см во Тополчани и Тетово, 17 см во Ѓуриште, 13 см во Битола и Пожар, 12 см во Претор, 10 см во Крива Паланка и Штип, 9 см во Струмица, 8 см во Охрид, 6 см во Прилеп и Кавадарци, 4 см во Виница, 3 см во Скопје-Петровец и еден сантиметар во Демир Капија.
Од УХМР информираат дека минималните температури утрово изнесуваат -8 степени во Маврово, -7 во Лазарополе и Крушево, -4 во Берово, -3 во Прилеп, Претор и Дебар, -2 во Охрид, Тетово, Крива Паланка и Битола, -1 во Штип, Виница, и Куманово, нула степени се измерени во Скопје, Струмица, Кавадарци и Дојран, еден степен во Демир Капија и два степени во Гевгелија.
Најмногу дожд до 7 часот има наврнато во Струмица 36 литри на метар квадратен, потоа 34 во Пожаране и Маврово, 31 во Берово, 27 во Дебар, 6 во Претор, 25 во Тополчани, 22 во Лазарополе, Тетово, Дојран, Гевгелија и Крушево, 21 во Демир Капија, 19 во Битола, 17 во Виница, 16 во Крива Паланка и Пожар, 14 во Штип, 13 во Охрид, 11 во Ѓуриште, пет во Скопје, четири во Кавадарци и еден во Куманово и Прилеп.