Актуелно
Целосно демолирана Народната канцеларија на Иванов (ФОТО)
Вечерва беше целосно демолирана Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во центарот на Скопје. Искршени се прозорците и мебелот од канцеларијата, а оштетена е и зградата на Министерството за правда.
Учесниците на протестот бараат оставка на претседателот Иванов, замрзнување на процесот за одржување избори на 5 јуни и формирање експертска Влада која ќе организира фер, демократски и кредибилни избори.
Протестот почна по 18 часот пред Специјалното јавно обвинителство во знак на поддршка на неговата работа, по што продолжи пред Народната канцеларија на Иванов па пред Собранието. Протести пред канцеларијата на Иванов се одржаа и синоќа.