Вести
Чавков почнал штрајк со глад во затворот во Шутка
Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од 27 април, штрајкува со глад во затворот во Шутка.
Извори од затворот за телевизијата Телма потврдиле дека Чавков започнал штрајк со глад.
Чавков доби 30-дневен притвор на барање на Јавното обвинителство кое го товари него и уште 35 лица за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.