Вести
Четврта бомба на Заев: Прислушувани над 100 новинари
Повеќе од сто новинари биле прислушувани од Управата за безбедност и контраразузнавање, рече денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ Зоран Заев, пренесува Радио Слободна Европа.
Тој додаде дека тоа што го објави се дополнителни докази и аргументи за суровата и свирепа вистина, за механизмите на тотална контрола што, како што нагласи, ја имале воспоставено Никола Груевски, Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници и за тоа како успевале да диктираат лажна реалност и на тој начин да одржуваат на власт.
– „Денеска почитувани граѓани и новинари, ќе објавиме дополнителни докази и аргументи за суровата и свирепа вистина, за механизмите на тоталната контрола што ја имаат воспоставено Никола Груевски, братучедот Сашо Мијалков и уште неколкумина нивни соработници. Како овие луѓе успеваат да диктираат и креираат лажна реалност, на тој начин одржувајки се на власт.“ – додава Заев.
Во продолжение погледнете ги објавените аудио записи: