Вести
ЦИВИЛ: Регистрирани полнење на кутии и гласање во име на починати гласачи
Изборниот ден поминува со низа нерегуларности, оцени невладината организација Цивил, чии активисти ги набљудуваат изборите, пренесува Радио Слободна Европа.
Претседателот на организацијата Џабир Дерала, на прес-конференцијата во 16 часот, рече дека најголем проблем останува избирачкиот список, кој според него е во хаос, а над 1000 луѓе не може да си го остварат правото на глас.
Тој рече дека во скопската Општина Сарај е забележано полнење гласачки кутии, и дека имаат потврда оти е гласано во име на четворица починати гласачи.
Дерала рече дека продолжуваат агитацијата и заплашувањето на гласачите, а избирачките одбори ја кршат изборната процедура. „Или не знаат или не сакаат да ја спроведат прописно гласачката процедура“, рече тој.
Дерала рече дека семејното и групно гласање доживува подем во попладневните часови.