Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Црвен картон за млади возачи под дејство на алкохол

Актуелно

Црвен картон за млади возачи под дејство на алкохол

Шест дизајнирани летоци ќе се делат на младите на популарните места за излегување, во кафулиња и дискотеки, а ќе се прави и доброволно алкотестирање на истите локации, по кое симболично ќе се доделуваат црвен и зелен картон за возење во зависност од резултатите на алкотестот.

Ова денеска на прес-конференција го најави претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот и патиштата Стојче Стаменковски на која ги сумираше активностите од спроведување на кампањата за поголема безбедност на ранливите групи учесници во сообраќајот на патиштата.

Според анализите на РСБСП од кампањата која се реализираше во периодот од 14 април до 31 мај, Стаменковски информираше дека најранливи групи во сообраќајот на патиштата се пешаците (особено децата и пензионерите), велосипедистите, мотоциклистите и матурантите заради спецификата на матурските прослави.

– Благодарение на кампањите и на активностите на институциите, бројот на жртвите беше во благо опаѓање се до 2013 година што според бројот на возила и возачи, претставува намалување за околу 30 проценти. Но, во 2013 имавме неочекуван раст на жртвите од просечните 170 на 200. Од 200 во 2013 година бројот на жртви во 2014 се намали на 124, што е намалување од 34 отсто, истакна Стаменковски.

Тој информира дека во првите пет месеци од оваа година има намалување на бројот на загинати во сообраќајот. Во 2014 година во периодот до крајот на мај загинале 52, додека оваа година 39 лица. Во првите три месеци од оваа година загинале 7 пешаци и по еден велосипедист и моторциклист.

Според анализите на РСБСП, во тек на летниот период голем број сообраќајни несреќи со трагични последици се предизвикани од млади возачи под дејство на алкохол. Во светски рамки над 30 проценти од сообраќајните несреќи со смртни последици во кои учествуваат млади возачи се случиле под дејство на алкохол.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.