Актуелно
Дадилка монструм малтретирала 9-месечно бебе во Скопје: Родителите шокирани од снимката од скриената камера!
Насловна фотографија: Заматен кадар / Фејсбук
Откако родителите забележале модринки на деветмесечното бебе, поставиле скриена камера во домот во една скопска населба, а од снимката биле шокирани!
Поради вознемирувачката содржина и приватноста, видеото можете да го видите на следниот линк.
По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи – Скопје, во Основното јавно обвинителство – Скопје поведена е постапка против едно лице кое се сомничи дека малтретирало девет месечно дете.
Пријавеното лице било ангажирано за чување и негување на деветмесечното дете од родителите на детето. Наместо нега, осомниченото лице врз детето применувало различни облици на малтретирање и грубо однесување.
По проучување на кривичната пријава и доказите, јавниот обвинител најде дека постои основано соменение за сторено кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете од член 201 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од една до десет години.
При тоа, донесена е Наредба за спроведување истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесен е Предлог за определување на мерка – Притвор против осомниченото лице, поради постоење опасност од повторување на делото.