Актуелно
Деблокиран патот ГП Богородица – Солун
Пред половина час грчката полиција го деблокира меѓународниот пат до Солун кој изминативе два дена беше запоседнат од бегалците во дивите кампови во Идомени и околината на Поликастро.
Барикадите кои се наоѓаа на два километри во грчка територија утрово се тргнати и сообраќајот е целосно нормализиран и на грчка територија. На граничниот премин „Богородица“, немаше гужви поради блокадата на патот во Грција кој редуцирано се одвиваше по алтернативни селски и полски патишта по кој минуваа лесните автомобили, а камионите беа приморани да чекаат.
Илегалните мигранти го блокираа патот со барање да биде отворена за нив македонско-грчката граница што е во спротивност со постигнатиот договор меѓу Брисел и Анкара кој почна да се применува од вчера.