Вести
Дедо Мраз со еко автомобил пристигна на плоштад „Македонија“
На плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје денеска напладне со еко автомобил пристигна Дедо Мраз и на најмладите ја пренесе пораката дека мораме да ја чуваме планетата, да се грижиме за екологијата и дека секој од нас може и мора да продонесе за почиста животна средина.
На преполниот плоштад пред најмладите Дедо Мраз и дружината ја одиграа претставата „Дедо Мраз во пензија“.
На плоштадот присуствуваше и градоначалникот Петре Шилегов, кој ги честиташе новогодишниет празници и посака посреќно и поубаво Скопје.
Градот Скопје годинава не организира прослава за дочек на новата година на плоштадот, но беше организираа четиридневна предновогодишна манифестација „Улицата на радоста“ со новогодишен базар и забава за најмладите.