Актуелно
Дел од автопатот А1 денеска и утре затворен за сообраќај
Поради потребите за снимање на францускиот филм „А фонд“ делот од атопатот А1, делницата од мотел „Македонија“ до Градско, денеска и утре од 5 до 18 часот ќе биде затворен за сообраќај, соопшти Автомотосојузот на Македонија по известување од продукцијата „Мануфактура“. Сообраќајот се пренасочува по стариот пат.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.