Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Ден на македонската револуционерна борба

Вести

Ден на македонската револуционерна борба

Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, делегации на Собранието на Република Македонија и на Владата ќе положат цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк.

Годинава нема да биде доделена државната награда „23 Октомври“. Оваа одлука е донесена на владина седница по предлог на Министерството за култура поради тоа што на комисијата за доделување на оваа награда мандатот и завршил во февруари годинава.

На 23 октомври 1893 година во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев беше формиран Македонскиот револуционерен комитет од кој подоцна произлезе Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор.

Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ резултира со создавање самостојна македонска држава.

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.