Вести
„Ден на маркетери 2015“ на Економски факултет
На 24 април 2015 година (петок), со почеток во 11,30 часот, на Економскиот факултет – Скопје, УКИМ шестата година по ред ќе се одржи „Денот на маркетери’15“.
Оваа година оваа манифестација е посветена на одржливиот развој, глобално прифатена филозофија на развојот и напредокот која ги дава основните “еколошки”, социјални и економски услуги на сите членови на заедницата, не загрозувајќи ја виталноста на природните и социјалните системи од кои тие услуги зависат.
Студентите на Економскиот факултет – Скопје ќе презентираат 11 маркетинг планови во кои се сублимирани духовните идеали на целото човештво во единствена логична целина чии врвни вредности се еднаквоста, праведноста, етичноста и одговорноста кон еколошката, социјалната и економска иднина на сегашните и генерации што доаѓаат.
Најдобрите три труда јавно ќе бидат избрани од жири комисија составена од претставници на бизнис заедницата и тоа.
За одбележување е дека „Денот на маркетерите“ од самиот свој почеток претставува ретка, но крајно неопходна непосредна заедничка активност на научната и бизнис заедницата.
Организатори на волонтерска манифестација се Департманот по Маркетинг на Економскиот факултет и Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ – Скопје.