Актуелно
Ден по силниот земјотрес земјата во Скопје сѐ уште се тресе
Нов земјотрес попладнево во 14 часот и 19 минути беше почувствуван во Скопје и околината.
Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје земјотресот бил со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала
Претходно, земјотрес со магнитуда од 2,3 по Рихтеровата скала го потресе Скопје денеска во 11 часот и 50 минути.
Двата земјотреси се дел од серијата потреси што го погодија Скопје и околината во изминатото деноноќие.
Сизмолошката опсерваторија при ПМФ информира дека во текот на вчерашниот ден биле регистрирани 12 земјотреси.
Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје.
Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани.