Вести
Денот на народното востание 11 Октомври неработен за сите граѓани
Денот на народното востание 11 октомври 2018 година (четврток), е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
До крајот на годината преостануваат следните неработни дена:
Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година
За сите граѓани на РМ
• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,
• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од католичка вероисповед
• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци
• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик
МТСП им го честитаат Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.