Вести
ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ВРЕМЕТО: Циклонот Владимир носи врнежи и грмежи
Од понеделник Македонија ќе се наоѓа во циклонски систем што значи ќе кружи влажен и значително понестабилен воздух (висински циклон).
Тоа ќе придонесе за дестабилизација, локално проследена и со пороен дожд и град и силни електрични празнења, особено во пладневните часови. Според метеорологот Славчо Попоски, нѐ очекува циклонот Владимир.
Поради значително загреаната атмосфера како и поради високите температури на воздухот ќе се создадат услови и за локални поинтензивни атмосферски процеси кој би можело да бидат застапени во форма на невреме.