Актуелно
Деветгодишно девојче изгоре во пожар
Насловната фотографија е преземена од АЛФА
Деветгодишно девојче изгоре во пожар синоќа во стан во скопската населба Чаир.
Како што соопшти МВР, во пожарот кој околу 23,30 часот од засега непознати причини избувнал во стан на ул.„Емин Дураку“ со телесни повреди се здобиле четири лица кои се пренесени во ГОБ„Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.
Командирот на ППЕ Благоја Менкиновски изјави дека во гаснењето на пожарот учествувале седум противпожарни возила кои спречиле огнената стихија да се прошири на соседните и на горните станови.
Од страна на СВР-Скопје извршен е увид, земен е предметен материјал којшто е даден за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.