Актуелно
Деветнаесетгодишник осомничен за полов напад врз 10-годишно дете
СВР Велес поднесе кривична пријава против 19-годишниот Е.З. од с.Мелница, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ .
Како што соопшти МВР, пријавениот на 27 јули околу 19.00 часот во с.Мелница го пресретнал десетгодишното дете, кое се враќало од локалната продавница кон дома, го кренал во раце и го однел во сокак кој се наоѓал подалеку од домот на детето, каде што го извршил половиот напад.
– После насилниот сексуален акт пријавениот побегнал, а детето заминало дома. Од срам не кажало никому. Наредниот ден (28.07.2016) неговата мајка забележала дека детето е изнемоштено и не може да се движи, по што разговарала со детето и детето кажало што се случило, се вели во соопштението од МВР.
Истиот ден настанот бил пријавен во СВР Велес, бил извршен лекарски преглед на детето во ЈЗУ„Општа болница“ Велес, а по консултации со Јавен обвинител детето заедно со неговата мајка е однесено на преглед во Судска медицина – Скопје.
Осомничениот е приведен на ден 29.07.2016 год. во 06.30 часот.