Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДИК: Гласањето мирно и без неправилнота, до 11 часот изелезеноста 8,03 отсто

Вести

ДИК: Гласањето мирно и без неправилнота, до 11 часот изелезеноста 8,03 отсто

До 11 часот на 3.480 гласачки места на територијата на Република Македонија гласањето тече мирно и без неправилности. Од обработените 92,06 отсто од податоците од избирачките места до 11 часот на гласање излегле вкупно 8,03 проценти од запишаните гласачи на овие избирачки места.

До ДИК до овој момент, како што информираше на прес-конференцијата портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска, доставени се седум приговори за заштита на личното избирачко право. Три од нив се одбиени, додека четири се во обработка.

На бесплатната телфонска лиија 0800 555 44 преку која граѓаните можат да пријавуваат неправилности или да поставуваат прашања до ДИК, граѓаните ја користат оваа телефонска линија, а главно, нагласи Гугучевска, прашањата се во врска со нивното лично избирачко право. Од ДИК апелираат во такви случаи граѓаните да оставаат свои податоци за контакт за да можат службите од ДИК да им одговорат на поставените прашања.

Највисока излезност, информираат од ДИК, има во општина Центар 13,31 процент, Крива Паланка 13,8 и општина Карпош 12,51, а најниска излезност има општина Могила 3,16 и Пласница 3,30.

На новинарско прашање зошто има промена во однос на предавањето на избирачкиот материјал по завршувањето на гласањето, портпаролот на ДИК Гугучевска потенцира дека предавањето на изборниот материјал по завршувањето на гласањето од избирачките одбори до ОИК во принцип на сите изминати процеси се вршело на ист начин.

– Единствена измена сега е што изводите од Избирачкиот список се надвор од запечатените вреќи. Останатиот доверлив материјал како што се гласачките ливчиња – искористени, неискористени, Дневникот за евиденција на настани, тие се внатре во вреќата за доверлив изборен материјал и треба да бидат доставени запечатени до ОИК, појасни Гугучевска.

Најголема излезност имало во Пехчево со 11,82%, Липково со 11,75%, Прилеп со 11,49% од гласачите, додека најниска во Могила со 3,16% и Пласница со 3,30%.

Од Скопските општини, во Центар излегле 6,01% гласачи, во Аеродром 9,43%, во Бутел 8,03%, Чаир 7,14%, Гази Баба 7,01%, Карпош 12,51%, Кисела Вода 8,22%, а во Ѓорче Петров 9,25%гласачи.

Во Битола до сега гласале 9,46%, во Прилеп 11,49%, во Велес 8,09%, Куманово 9,12%, Тетово 7,60%, Гостивар 5,64%, Гевгелија 11,20%, Струмица 8,53%, Охрид 9,98%, Струга 6,73%.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.