Вести
До вторник многу топло, потоа пороен дожд
До вторник под влијание на многу топла воздушна маса ќе преовладува топло време со температури кои ќе достигнат и до 40-тиот степен во јужните делови. Веќе од вторник се очекува промена на времето со врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни.
Во текот на утрешниот ден не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, пред се на исток во планинските подрачја.
Поројни дождови проследени со грмежи и засилен ветер се очекува во вторник особено во северните делови.
Во среда и четврток времето ќе биде променливо и свежо со локален дожд. Дневната температура, почнувајќи од запад ќе биде во опаѓање, кое ќе продолжи и во наредните два дена и ќе се движи во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе има вредност помеѓу 8 и 7.