Вести
Драган Спасов – Дац поднесе оставка после собраќајната несреќа
Директорот на МНТ, Драган Спасов – Дацподнесе оставка по синоќешната сообраќајна несреќа кога со своето возило удрил 27 годишна девојка во скопската населба Кисела Вода.
Девојката поминала со полесни телесни повреди и не е задржана на болничко лекување.
– „Министерството за култура на Република Македонија ја извесува јавноста дека денес ја прими и ја прифати оставката на в.д.директорот на Н.У. Македонски народен театар, Драган Спасов-Дац.“ стои во известувањето на Министерството.
Според информации од истрагата, поранешниот директор на МНТ го управувал возилото со околу 2 промили алкохол во крвта.
„Моето учество во протестите против погубното владеење на претходната Влада најнапред во непочитувањето на уставот и законите, во крајна линија трајното нарушување на јавнот морален дискурс – не беа без причина. Јас се борев против оние за кои не важеа никави правила. Со мојот своеволен избор и следствено оставка, сакам да истакнам дека сум поинаков од оние против кои се борев. Чувствувам немерлив срам, вина и одговорност“ – напиша Спасов.