Актуелно
Драма во Охрид: Жена се фрлила во езерото во обид да се самоубие
Насловната фотографија е преземена од сајтот Ohrid1.com
Вистинска драма во Охрид. Полицијата заедно со тимови на спасувачките служби при Општинската организација на Црвениот крст од Охрид од утрово го пребаруваат крајбрежниот појас на Охридското Езеро, во потрага по исчезнато лице.
Полицијата го потврди случајот со информации дека исчезнувањето на жената било пријавено рано изутринава околу 1 часот.
Зголемена активност на полицијата и на спасувачките служби е забележлива на брегот на езерото на самиот Кеј „Македонија“. Жители на тој дел од градот изјавуваат дека жената се фрлила во водата, што било посведочено од очевидци кои во тоа време биле на Кејот на езерото.