Вести
Државниот врв на традиционален божиќен ручек кај г.г. Стефан
Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска ќе приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв.
На божиќната трпеза се поканети претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а ќе присуствуваат и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.