Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ДУИ апелира на смиреност и да не се подлегнува на провокации

Актуелно

ДУИ апелира на смиреност и да не се подлегнува на провокации

Демократската унија за интеграција изразува загриженост за денешните случувања во Куманово и упатува апел до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на  какви било провокации, се вели во соопштението.

ДУИ, се додава во соопштението, смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ како и други, се дејствија што се во целосна спротивставеност со стратешките определби на албанскиот народ како во Македонија, така и на Косово, во Албанија  и Прешевската Долина.

– Ние сме убедени дека само една стабилна и сигурна Македонија може да биде од полза на целиот регион и дека ниту една дестабилизација на земјата не е во интерес на албанскиот народ во регионот.Албанците во Македонија имаат однапред определена агенда и се во содејство со САД; ЕУ и НАТО и сакаат да ја видат земјава со целосна еднаквост на граѓаните, со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, во мир и стабилност како и зачленета во НАТО и интегрирана во Европската Унија, наведува ДУИ во соопштението.

ДУИ ги повикува медиумите и кретаторите на јавното мислење да демонстрираат голема одговорност во ова, како што наведува, многу деликатно време и да се воздржат од понатамошно поттикнување на тешката ситуација.“

– Граѓаните на Куманово и посебно на населбата каде што се одвиваа денешните настани треба да останат мирни и да не подлегаат на разни дезинформации. Истовремено, Министерството за внатрешни работи треба да постапува со целосна одговорност кон чуствителноста на безбедносната и политичката ситуација, наведува ДУИ во соопштението.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.