Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Двајца Македонци на листата успешни млади претприемачи на магазинот „Форбс“ (ФОТО)

Вести

Двајца Македонци на листата успешни млади претприемачи на магазинот „Форбс“ (ФОТО)

Двајца Македонци се најдоа на годинешната листа на 30-те најдобри млади претприемачи под 30 години во дваесет различни индустрии која ја објави магазинот „Форбс“.

На овогодинешната листа ’30 Under 30′ биле опфатени повеќе од 600 претприемачи во различни категории.

Од Македонија на оваа престижна листа се најдоа Нина Ангеловска од Grouper и Жарко Димитриоски од Еден на Еден.

Нина Ангеловска, коосновач на Grouper.mk, во 2011 година на 21 година победи на национален натпревар со својот бизнис план со што го лансираше Grouper.mk, првата македонска онлајн платформа за купување на зделки. Во тој период, само 1% од Македонците имаа навика да купуваат онлајн, а денес Grouper.mk има повеќе од 2.500 трговски партнери и 170.000 регистрирани корисници.

Жарко Димитриоски, коосновач на Еден на Еден. Ја основаше оваа маркетинг агенција заедно со својот брат во 2012 година. Познат е како ТВ водител, а откако ја основаше агенцијата, истата прерасна во компанија со 25 вработени која опслужува некои од најпознатите компании во Македонија.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.