Актуелно
Два милиони денари од Македонски телеком за настраданите во поплавите
Македонски телеком ќе донира два милиона денари за настраданите од поплавените подрачја.
Како што информираат, средствата ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на општина Гази Баба, отворена за оваа намена и ќе се искористат исклучиво за реконструкција на нивните домови.
Вработените во Македонски телеком истовремено организираат донаторска акција за помош во соработка со Црвен Крст за собирање на најнеопходните средства и ќе помагаат на терен во санирање на штетите во настраданите подрачја.