Актуелно
Два силни земјотреса ја стресоа Македонија
Попладнево во 18:33 часот во Скопје беше почувстуван првиот земјотрес, 8 минути подоцна скопјани почувствуваа уште еден земјотрес.
Според информацијата објавена на веб страната на Европскиот сеизмолошки центар, првиот земјотрес бил со јачина од 4.8 степени, додека вториот со јачина од 5.0 степени според меркалиевата скала.
Двата земјотреси се со епицентар на 90 километри југозападно од Скопје.