Актуелно
Два силни земјотреса почувствувани изминатата ноќ во југоисточна Македонија
Земјотреси со магнитуда од 5.1 и 3 степени според Рихтеровата скала со епицентар во Грција, беа почувствувани рано изутрината во јужните делови на Република Македонија.
Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека интензитетот на земјотресот на територијата на Македонија бил меѓу три и пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Ова е втор земјотрес во изминатите 12 часа со епицентар во Грција кој е почувствуван во југоисточна Македонија. Првиот беше регистриран ноќеска во 00 часот и 12 минути со магнитуда од 5,1 степен според Рихтер, а беше почувствуван во Гевгелија, Богданци и Струмица со интензитет од четири до пет степени според Европската макросеизмичка скала.