Вести
Два земјотреси ги вознемирија скопјани
Два земјотеси со магнитуда од 2,4 и 2,3 степени според Рихреовата скала беа регистрирани денеска во скопското епицентрално подрачје.
Епицентарот на земјотересот бил на седум километри источно од Скопје на длабочина од три километри.
Првиот земјотрес се случил изутрината во 8 часот и 03 минути и бил со магнитуда од 2,3 степени. Земјотрес ноќеска бил почувствуван и во Охрид. Епицентарот бил на 10 километри источно од Охрид со магнитуда од 2,1 степен.
– „Се работи за истиот расед, истото подрачје каде во 2016 имаше силен земјотрес. Тоа е расед кој оди до Арачиново и вакви слаби потреси се нормална макросеизмичка активност или редистрибуција на напрегањето од 5 степени по Рихтер. Ваквите потреси ги забележуваат само исклучително чувствителни луѓе, кај поголемиот дел од популацијата поминуваат незабележано и не предизвикуваат штета. Таков беше и денешниот земјотрес во Охрид, со магнитуда од 2,1 “, изјави за „Макфакс“ директорот Гаревски.