Вести
Два земјотреси попладнево во Охрид, Струга и Ресен
Два земјотреса чии епицентри потекнуваат од охридското епицентрално подрачје регистрираше денеска Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Првиот земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 3,3 е почувствуван во 13 часот и 46 минути во Охрид, Ресен и Струга со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а во 13 часот и 51 минута во истото подрачје е регистриран и втор земјотрес со Рихтерова локална магнитуда 2,5 и интензитет од III степени според истата скала.