Вести
Два земјотреси регистрирани во Скопје
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 2.1, чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје, регистриран е вечерва во 18 часот и 4 минути. Земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 1.9 беше регистриран и попладнево во 16 часот и 28 минути, исто така во Скопското епицентрално подрачје.
Земјотресите се регистрирани од телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија.