Актуелно
Дваесет и едноогодишен возач прегази дете во Скопје
Единаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа што вчера се случи во скопски Чаир откако во него удри патничко возило.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила вчера во 19,10 часот на крстосница од улиците “Џон Кенеди“ и „Дижонска“ кога патничко возило марка „Мазда 2“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Х.Б.(1994) од Скопје, удрило во пешакот – дете Зекирја Д.(2004) од Скопје.
– Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот кој на лице место им подлегнал на повредите. Смртта на самото место била констатирана од доктор од Итна медицинска помош, а телото по наредба на Јавен обвинител е пратено на обдукција, стои во соопштението.
Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОИСН при СВР -Скопје. По наредба на Јавен обвинител, на Х.Б. земено му е крв и урина за анализа, а возилото „Мазда 2“ со шлеп служба е однесено на вонреден технички преглед.