Актуелно
Дванаесет сообраќајки за 24 часа во Скопје
Сообраќајната полиција изминатите 24 часа во главниот град извршила увид на 12 сообраќајни несреќи. Од нив, четири се со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.
– Случени се и две несреќи со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден пешак и еден велосипедист, информира МВР.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Весели цветови“, објект „Перуника“ во општина Кисела Вода.
Вечер, со почеток во 21 часот на Националната арена „Филип Втори Македонски“, во рамки на првото квалификациско коло на Лигата на Европа ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар меѓу Ренова и Дачија, Молдавија. Со цел непречено и безбедно одвивање на спортската манифестација сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.&n