Актуелно
Двегодишно дете исчезна во водите на Треска
Двегодишно дете од скопско Чичино село, исчезнало додека си играло со неговата седумгодишна сестра покрај брегот на реката Треска.
Како што соопшти МВР, случајот вчера околу 18 часот го пријавила неговата мајка Ш.К.(40). Според мајката, нејзиниот двегодишен син додека играл со сестрата се лизнал и паднал во реката по што исченал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на детето.