Актуелно
Еден загина, двајца тешко повредени во сообраќајка на патот Прилеп – Градско
Едно лице загина, а двајца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21:40 часот на магистралниот пат А1 Градско – Прилеп на крстосницата кон село Сирково поточно на бензинска пумпа Црна Река Петрол, кога патнички автомобил марка „БМВ“ со кавадаречки регистерски ознаки удрил во бетонска ограда.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на автомобилот и двајцата сопатници од село Сирково на возраст од 17 и 20 години. Трите повредени лица се пренесени во Ургентен клинички центар Скопје, каде возачот Благоја Д. (22) од село Сирково им подлегнал на повредите, изјави Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
Увид на лице место изврши јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Кавадарци и увидна екипа од полициска станица Кавадарци.