Вести
Една жена загина, 27 патници повредени – се утврдува причината за превртувањето на автобусот
Се утврдува причината за сообраќајната несреќа што синоќа се случи на автопатот Велес – Скопје во која една жена загина, а 27 патници беа повредени.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се уште се истражува причината за несреќата и се чека извештајот од вонредниот технички преглед на автобусот.
Во сообраќајната несреќа загина 68-годишна жена, а на едно деветгодишно дете му е ампутирана раката. Потешко се повредени четири лица кои се сметени на КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случи синоќа околу 19 часот кога автобус со македонски регистраски ознаки кој превезувал патници кои се враќале од летување во Грција, изгубил контрола и излетал од коловозот на автопатот Велес – Скопје.