Вести
Едно лице е приведено за грабежот во НЛБ банка
Едно лице е приведено во врска со грабежот што се случи вчера во НЛБ банка. Лицето е приведено во Полициската станица Кисела Вода синоќа околу 19.00 часот, а полицијата презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.
Од МВР информираат дека грабежот е пријавен вчера во 16:58 минути од страна на Д.П., директор на Трезор на НЛБ банка.
Грабежот, според пријавата, е извршен од Б.С. (40), вработен во НЛБ банка, кој од трезорот на банката во Скопје украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал.