Актуелно
Едно лице загина во сообраќајка кај Демир Капија
Министерството за внатрешни работи соопшти дека сообраќајната несреќа утрово околу 6 часот на автопатот Скопје – Гевгелија кај клучка Демир Капија се случила откако патничко возило „ситроен берлинго“ со српска ознака излетало од коловозот.
Возилото било управувано од М.К.(40), кој изгубил контрола над возилото и излетал од коловозот, при што на самото место од добиените тешки повреди починала Миланка Б.(63).
Во несреќата се повредени А.К.(38), дете од три години и 9-месечно бебе. По укажаната лекарска помош во Велес тие со возило на брзата помош биле префрлени во Клинички центар Скопје.
Извршен е увид на местото на настанот од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес и се преземаат мерки за утврдување на причините кои довеле до сообраќајната незгода, информира МВР.