Актуелно
Едно лице загина во сообраќајка кај село Пеширово
Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на патот Свети Николе – Овче Поле во близината на селото Пеширово, во која загина 42-годишниот Горан С. од Свети Николе.
Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски таблички и мопед со светиниколски регистарски таблички на кој што загинатиот Горан С. бил сопатник. Со тешки телесни повредни се здобил и 38-годишниот С.Ѓ., возачот на мопедот. До несреќата дошло откако автомобилот одзади го удрил мопедот.
Портпаролот на СВР Гордана Панајотова вели дела несреќата се случила околу 20 часот и 20 минути на регионалниот пат Свети Николе – Овче Поле. Извршено е алкохолно тестирање на 58-годишниот возач на автомобилот „пежо“ при што е констатирано дека бил под дејство на алкохол.