Актуелно
Експлозија во Тјенцин: Билансот на загинатите се зголеми на 50 лица
Билансот на жртвите на експлозиите во магацин за лесно запаливи материјали во кинескиот пристанишен град Тјенцин се зголеми на 50 лица, а 700 се ранети, изјави извор од болницата во градот, јави ТАСС.
На 500 метри од местото на експлозијата е регистрирано високо ниво на отровни материи, како сулфур диоксид, јаглерод моноксид и азотен оксид, јави Централната кинеска телевизија.
Главниот пожар е совладан, но над местото на експлозиите се уште се издига густ чад. Зоната на несреќата е изолирана во радиус од неколку километри. Затворени се сите пристапи кон местото, а не работат и неколку станици на метрото.
Екипа од 214 воени специјалци за нуклеарна и хемиска заштита пристигнаа во градот по вчерашната експлозија. Засега нема податоци за истекување на опасни хемикалии во воздухот, јавија градските власти.
Тјенцин е главното пристаниште и индустриско подрачје југоисточно од Пекинг.
https://www.youtube.com/watch?v=YeXBME2YVQo