Вести
Екстерно тестирање на матурантите од 30 јануари до 3 февруари
Екстерната проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години во средното образование ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари годинава, соопштија Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.
Според МОН, екстерната проверка е во тој период согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, со која второто полугодие на учебната 2016/2017 година треба да почне на 23 месецов.