Вести
Евакуација на воени бази во САД пред налетот на ураганот Флоренс
Американската морнарица преместува персонал и бродови, додека Воздухопловството преместува авиони на безбедни локации пред налетот на ураганот Флоренс на источниот брег на САД.
Флоренс ќе погоди подрачја на кои се некои од најпознатите воени бази во САД. Илјадници американски маринци заедно со семејствата го напуштијa Кемп Леџен во Џексонвил во Севeрна Каролина, иако не е објавена наредба за задолжителна евакуација. Од базата е соопштено дека сите што ќе останат ќе имаат храна, вода и заштита и покрај тоа што ќе бидат на линијата на движење на ураганот.
Националниот центар за следење урагани издаде предупредување за Северна и за Јужна Каролина. Ураганот се движи со ист интензитет и понатаму е опасен. Удар на Северна и Јужна Каролна се очекува утре. Состојбата ќе се влошува во текот на денот, а најсилен удар се очекува в петок наутро по локално време.
Жителите од источниот брег на САД пред налетот на еден од најопасните урагани во изминатите децении почнаа со евакуација. Урагантои Флоренс е од четврта категорија – ветар со брзина од 215 км/час. Во подрачјата каде ќе удри ураганот живеат околу 5,4 милиони жители.