Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТО: Десетици илјади граѓани на протест пред Владата на Република Македонија

Актуелно

ФОТО: Десетици илјади граѓани на протест пред Владата на Република Македонија

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Десетици илјади граѓани денеска протестираат пред Владата на Република Македонија.

Протестот е најавен како ненасилен и во име на граѓаните на Република Македонија и, според најавите, е почеток на една активност што ќе трае и треба да заврши, како што велат организаторите, со оставка на премиерот.

– Нашата заедничка акција ќе трае до дефинитивниот пад на власта која ни ја одзеде слободата, живејачката и иднината, се вели во Декларацијата на организаторите објавена на нивната веб – страница.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека 4.600 активисти се пријавиле да учествуваат во нивната акција и оти тие ќе бидат во Скопје се додека власта не си замине.

Најавено е присуство на граѓани од цела Македонија, а на протестот ќе има обраќања и на европски пратеници.

Секој член на СДСМ, според партиските инструкции ќе снима со своите телефони за да се регистрираат евентуални обиди за предизвикување насилство, а меѓу полицијата и учесниците во протестот ќе има тампон зона од млади луѓе, што како што велат организаторите, треба да обезбеди полицијата да нема контакт со нив.

Коалицијата „Граѓаните за Македонија“, која ги организира протестите, ја сочинуваат СДСМ, нејзините коалициски партнери и помали политички партии, како и повеќе граѓански организации, групи и здруженија.

На овој настан му претходеа повеќенеделни протести против актуелната Влада, како и случаите „Пуч“ и објавувањето наводно прислушувани телефонски разговори.

Поради протестот блокирани се поголем дел од улиците во центарот на градот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.