Актуелно
ФОТО: Дваесетина повредени полицајци пренесени во Ургентниот центар
Дваесетина повредени во денешната оружена пресметка во Куманово досега се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје.
Шеснаесет се во Ургентниот центар, а на дел од нив во моментов им се вршат хирушки интервенции.
Дел од повредените во Скопје беа транспортирани со возила на прва помош, а дел со хеликоптер.
Повредени полицајци од Куманово се пренесени и во градските болници „8-ми Септември“ и „СВ. Наум Охридски“.