Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Даниел Дончевски по четврт пат го фати крстот во Скопје!
Даниел Дончевски од населбата Маџари беше најсреќен меѓу 100-те лица кои денеска се фрлија по светиот крст во водите на реката Вардар кои ги освети поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан
Ова е четврт пат како Дончевски го фаќа светиот крст за големиот христијански празник Богојавление-Водици.
Тоа ќе биде икона во чест на крштевањето на Господ Исус Христос, и оние што имаат желба да се натпреваруваат, целта треба да им биде духовното раѓање, велат од свештенството.
Меѓу лицата кои денеска учествуваа на манифестацијата имаше и верници кои со децении скокаат по крстот, но и такви што досега никогаш не учествувале.
ФОТО: Популарно.мк – забрането користење на фотографиите
Церемонијата почна со богојавленската литургија во 9 часот во црквата „Св. Богородица Пречиста“ во Скопје, а потоа поглаварот на МПЦ со свештенослужителите дојде на мостот на Вардар и ги освети водите на реката. И овој пат скопјани во голем број дојдоа на бреговите од Вардар за да го проследат чинот на осветување на водите и фрлањето на светиот крст.
Богојавление – Водици е христијански празник, кој се слави уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Фаќањето на крстот значи соединување на човекот со Христа и се верува дека оној кој ќе го фати ќе го следи благослов и среќа во текот на цела година. Со Водици завршуваат т.н. Некрстени денови.