Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Куманово после тензичната ноќ
Насловна фотографија: Даниел Краљевски / Think.mk
Репортерската екипа на Think.mk која утринава ја посети населбата во која во текот на вчерашниот ден се одвиваше големата полициска акција за разбивање на терористичката група, ексклузивно за Популарно.мк споделува информации за состојбата на терен.
Во моментов во Куманово е мирно и не се слушаат истрели од оружје. Отворен е поголем дел од маркетите во градот. Улиците се празни, скоро без автомобили. Дел од малиот број граѓани кои се на улиците се уште се под стрес и неверување.
Се уште е затворена една сообраќајна лента на улицата трета Македонска ударна бригада, но на останатите улици во градот сообраќајот се одвива непречено. Забележливо е полициско пристуво во повеќе делови од градот.
Спорадични истрели од оружје во Куманово и надлетување на хеликопери во Куманово се слушале во текот на ноќта и изутрината, по што од МВР информираа дека се уште е во тек акцијата за расчистување на теренот во рамки на акцијата за разбивање на вооружената група во кумановската „Дива Населба“.
Во продолжение погледнете дел од фотогалерија направена од уредникот на Think.mk, Даниел Краљевски:
ФОТОГАЛЕРИЈА: Даниел Краљевски / Think.mk