Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФОТОГАЛЕРИЈА: На локалитетот Скупи откриена статуа од 2 век

Актуелно

ФОТОГАЛЕРИЈА: На локалитетот Скупи откриена статуа од 2 век

Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера – статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век. 

Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), подоцна реупотребена како покривен елемент – капак на саркофаг на гроб вкопан во оркестрата во Скупи.

Таму е во тек трета фаза од истражувањето, кое треба да резултира со реконструкција на театарот и гледалиштето со 10.000 седишта, што се очекува да заврши во 2017 година.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети локалитетот и информираше дека се се одвива според планираната динамика – целосно е завршено истражувањето на сценската зграда, на гледалиштето, а во тек е истражувањето на оркестрата.

– Се подготвува тендерската документација за избор на фирма која ќе продолжи со целосна конзервација на сценската зграда. Тендерот е планирано да се објави до крајот на април и веднаш започнуваме со реконструкција и конезрвација на сценската зграда. Гледалиштето е истражено и до крај на јуни треба да се изготви и проектот за него за да се пристапи кон тендер. Во оркестрата, како што видовме денеска, има богати наоди. Тука се откриени уште неколку гробови, што претпоставува дека се очекува да се открие некропола од 4-5 век наша ера. Ќе видиме како ќе тече динамиката откако ќе ги избереме фирмите и ако таа се запази – во 2017-та можеме да го отвориме за јавноста театарот во овој локалитет кој е најголем кај нас, изјави Канческа-Милевска.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ рече дека сега ќе работат на откривање на подот на оркестрата, со што ќе завршат археолошките истражувања во Скупи.

– Ова е навистина возбудливо. Тимот откри една некропола која засега содржи два-три гроба, најверојатно од 4-5 век кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна, врвна религија во Римското царство. Нас не интересира кои се овие христијани – дали се луѓе кои пострадале или се роднини на луѓето кои пострадале во оркестрата. Во доцната антика, во текот на 3-ти и 4 век, христијаните биле жртвувани во театрите, рече Лилчиќ.

Тој очекува да бидат откриени и други делови од пронајдената конструкција. – Главно, тоа е бел, ситнозрнест мермер од некое ателје, можеби од скулпторска работилница која работела тука, во Скупи, или во познатата скулпторска работилница во Стибера, на пример, па да е пренесен, додаде директорот на Управата за заштита на културното наследство.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.