Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Средношколците со „жолт картон“ за МОН
Повеќе илјадници средношколци, родители, професори и граѓани, поддржани од преставници на Студентскиот пленум, маршираа од Собранието на РМ до Министерството за образование и наука, притоа поминувајќи покрај Владата на РМ.
Средношколците ги опоменија овие три институции со жолт картон – „Стоп за лошите реформи“, „Последна опомена“, „Ќе паднам матура заедно со системот“ се некои од речениците кои можеа да се прочитаат на знаците кои ги држеа средношколците додека маршираа по дождот.
Претставник од Средношколскиот пленум во изјава за медиумите сподели:
-„Навистина сме задоволни од одзивот на денешниот марш, со оглед на тоа што денес маршираа повеќе средношколци од минатиот пат, иако времето не беше во нивна полза. Тој ги повтори нивните барања: Враќање на стариот концепт на полагање на државна матура, ставање во мирување на екстерното тестирање, укинување на електронското полагање на државната матура.
Вчера бевме сведоци на една средба помеѓу неактивна средношколска организација и Министерството за образование и наука. Тоа е Средношколската унија којашто си договори барања какви што сака. Ние не се согласуваме со нивните барања и нашите барања не се задоволени во целост.“ – изјавија од средношколскиот пленум.