Актуелно
ФОТОГАЛЕРИЈА: Започна 48-часовниот натпревар на НАСА во Македонија
Македонски програмери и иноватори работат на предизвици поставени од НАСА, како дел од глобалниот хакатон НАСА Спејс Аппс Челинџ 2015 (NASA Space Apps Challenge), што почна денеска, пренесува МИА.
Во меѓународната активност за дизајнирање иновативни решенија, што почна денеска, се вклучуваат 10.000 учесници на 135 локаци во светот, меѓу кои Скопје, Тетово, Охрид и Битола. Младите иноватори ќе ја покажат својата иновативност со непрекината работа во тек на 48 часа. Ќе соработуваат со искусни ментори од техничките и природно-научните факултет, а ќе им поомагаат и компании.
Заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска истакна дека македонските млади програмери, дизајнери, иноватори и претприемачи ќе можат да ги измерат силите на широка сцена и да постигнат меѓународен успех. На минатогодишниот натпревар Македонија беше глобален лидер по број на реализирани проекти.
– Се надевам дека годинава не само што ќе го повториме тој успех, туку и ќе го надминеме, изјави Арсовска Томовска, на отворање на настанот во Центарот за иновации на Македонски Телеком.
Како држава, наведе, од ден на ден сме сé поподготвени за вакви предизвици, а патем сме се повеќе почитувани и уважувани на светската информатичка мапа. Стануваме се поатрактивна дестинација за многу ренормирани фирми и компани во светот, и имам чувство дека Македонија е расадник на креативен и талентиран млад свет, рече во обраќањето Арсовска Томовска
Поради освојувањето на второто место на минатогодишниот натпревар на тимот од Македонија, Скопје е координатор на 10 локации и тоа Скопје, Тетово, Охрид, Битола, Загреб, Белград, Приштина, Тирана, Виена и Љубљана. Победничкиот тим од овие 10 локации ќе добие две бесплатни карти за учество на Pioneers Festival 2015, што се одржува во Виена.
– Станува збор за најголемиот хакатон настан каде се користат јавно достапни отворени извори на податоци ставени на располагање од Американската државна агенција НАСА со цел со нив да работат студенти, претставници од компании, старт ап тимови и да креираат решенија на глобални предизвици во областа за зачувување на планетата земја и освојување на вселената, изјави Ирена Чаушевска од Њу менс Бизнис акцелартор, организатор на настанот во соработка со 15 младински и студентски организации.
Кејтлин Турк, претставник на Американската амбасада во Македонија, укажа на важноста од вклучување,на како што рече, сите мудри умови и иновативни решенија кои ќе помогнат за напредок.
– Во Македонија има многу големи таленти кои многу се развиваат и затоа е многу битно да ги вклучиме во овој настан на кој можат да придонесат иновативно и да се развиваат и понатаму, рече Турк.
Стевче Ристески, претставник на МТ и Т-Мобиле Македонија, истакна дека како компанија секогаш ја поддржуваат креативноста и иновативноста. – Веруваме дека нашите локални мали компании и партнери кои работат во доменот на ИТ технологијата со содветна поддршка можат да придонесат и да направат исчекор и на локалниот и на глобалниот пазар во развојот на дигиталната ера, изјави Ристески.