Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Фрлени 155 тони сол на скопските улици и булевари

Вести

Фрлени 155 тони сол на скопските улици и булевари

Вкупно 155 тони сол се фрлени ноќеска (до седум часот утрово) на скопските улици и булевари, особено на критичните места.

Како што соопшти Град Скопје, екипите на Зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.

Градоначалникот Коце  Трајановски цела ноќ со Зимската служба беше на терен и ги следеше активностите.

Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки – на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други т.н. „црни точки“ во градот.

– Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, наведува Град Скопје и воедно апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.